„Си го уништив својот брак. Би дала се на овој свет да можам да го вратам времето назад и да ги поправам своите грешки“
Една жена реши да ја сподели својата приказна со нас. Таа го уништила својот брак од неколку причини и посакала да ја сподели својата приказна за другите жени да не ги повторуваат нејзините грешки.
Не поставив граници со своите родители.
Тие често беа кај нас дома, доаѓаа ненајавени и слободно влегуваа дома. Тие „помагаа“ околу куќата и правеа работи кои не ги ни баравме. Со нив одевме и на одмор. Пред нас ги превоспитуваа нашите деца. Моите сопствени стравови ме спречуваа да поставам граници и правила за однесување. Во суштина мојот сопруг се ожени со целата моја фамилија.
Ретко водевме љубов и станав напорна, постојано приговарав.
Мислев дека љубовта е искреност, но сите знаеме дека вистината боли. Додека се чувствувавме поудобно во нашиот однос, бев преуморна за секс. А кога нешто ќе направеше тој, постојано го напаѓав со зборовите: „Зошто го направи тоа?“
Наместо да му помогнам, јас го понижував. Често му зборев дека работата и не му е нешт посебно и дека сигурно оди за да ги гледа своите слаби колешки (затоа што јас имав вишок килограми). Постојано му велев дека се прави погрешно, а тој во суштина само не ги правеше работите како што ги правев јас.
Понекогаш со него зборував како да е дете. Ги контролирав семејните финансии и му приговарав за секое непромислено трошење. И во спалната соба правеше се погрешно и јас повторно се му плескав во лице. Како што се распаѓаше нашиот брак, постојано барав грешки за да ја оправдам мојата супериорност. На крајот, веќе немав почит за него, а тоа и му го покажував.
Не се трудев да научам да се борам на правиот начин.
Знам дека звучи чудно да се предложи дека постои прав начин за борба. Имав наклонетост да молчам за да задржам мир во куќата, но не успеав во тоа. Сите мали работи кои ме излудуваа прераснаа во огромна топка лутина која повремено се претвораше во страшен напад. Сега кога ќе се навратам назад, очигедно е дека бев кучка.
Го пишувам ова со надеж дека некако ќе го вратам назад сопругот. И да го молам за прошка. Го пишувам ова затоа што не можам да верувам колку долго ја држев главата во песок. Се надевам дека низ мојата приказна другите жени ќе сфатат како можеме и ние некогаш да придонесеме за распад на бракот. И иако се уште сум вознемирена што мојот сопруг одличи да ги реши нашите проблеми во кревет со друга жена, сепак признавам дека и моето однесување го поттурна натаму.
Прочитајте и 8 работи што треба да ги направите по 20:00 часот !