Студен бран ќе ја погоди Македонија од следната недела

Променливото време не е воопшто чудно за овој период од годината, но никако во целост да ѝ се израдуваме на пролетта. Ред дожд, ред сонце, па малку и снег е она што го имавме цел март.

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Променливо време не очекува утре со сонце, ветер и локални врнежи и грмежи во вечерните часови. Температурата ќе достигне до 24 степени, а минималната ќе се спушти до два степена.

Од УХМР информираат дека времето утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло со засилен, особено во западните делови и до силен јужен ветер над 80 км/ч. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје преку ден сончево и топло, попладне ќе настапи наоблачување. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни локално над 20 л/м2. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/ч), а дневната температура ќе опадне за околу пет степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

- Реклама -