Тешко дека често размислувате за поврзаноста на болеста и шминката, а тешко и дека некогаш тоа што сте болни ве спречило да се нашминкате ако сте имале потреба.
Меѓутоа, што ако имате вирус и користите шминка додека го имате? Ако не сте размислиле за тоа, редно е да почнете.
Имено, некои производи треба да ги фрлите кога ќе оздравите. Во спротивно, имате добри шанси одново да се разболите.
Проблемот е што бактериите и вирусите сосема удобно живеат во производите за шминкање, и тоа прилично долго време. Ако се шминкате додека сте болни, милиони бактерии прават мали колонии на карминот, руменилото и останатите производи.
Најмногу ризик, очекувано, носат кармините.
„Кога ќе оздравите, би требало да ги фрлите кармините што сте ги користеле додека сте биле болни“, вели Морган Стат – санитарен инспектор во организација за безбедност на потрошувачи.
Другата опција, поевтина, е внимателно да го отсечете делот од врвот на карминот или балсамот за усни (т.е. делот што сте го користеле кога сте биле болни), а надворешноста да ја пребришете со алкохол.
Освен кармините, опасни се и производите за очи, особено ајлајнерите и маскарите, бидејќи можат да предизвикаат конјуктивитис и други инфекции на очите. Нив е најдобро да ги фрлите и целосно да ги замените со нови.
И четкичките за шминкање би требало да ги исперете штом оздравите, што не значи дека не треба тоа да го правите и во нормални околности, кога не сте биле болни. Препораката е да се перат еднаш неделно.