И зачин, и лек: Билката што ќе ве спаси од висок крвен притисок

Луѓето со проблеми со високиот притисок мораат да водат сметка за исхраната, а овој мал додаток може многу да помогне во таа цел.

Меѓу симптомите кои укажуваат на висок крвен притисок се: болки во градите, главоболки и отежнато дишење, а со овој зачин ќе можете да ги држите под контрола.

Се работи за коријандер (познат и како кинески магдонос) – ароматичн лековита била со специфична арома, која често се употребува во кулинарството, ама и во медицината.

Високиот крвен притисок може да  ги оштети крвните садови и органите, како и да предизвика срцев удар. За хипертензија неопходно е да ги земате лековите кои ви ги препишал доктор, но како мал поттик би требало да внесете и мала промена во исхраната.

Прочитајте и:  Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, не треба да ја јадете оваа храна за појадок

Истражувањата покажуваат дека коријандерот го намалува крвниот притисок, а доволно е да го додавате во секој оброк по малку.

Имајте на ум дека продавачите често продаваат коријандер како магдонос, бидејќи се слични. Сепак, коријандерот има повеќе листо, понежни стебленца и поблаг мирис.

Освен за снижување на крвниот притисок и подобрување на здравјето на срцето, коријандерот го намалува и шеќерот во крвта, а важи и за добар диуретик.

Можете да го користите во секое јадење, да го јадете свеж, или да го користите неговото етерично масло.

- Реклама -