Аргентински службеник си го сменил полот за да оди порано во пензија

Еден даночен службеник во Аргентина си смени буква од своето име, сé со цел да го смени полот и да ги легализира своите намери.

Во Аргентина постои закон кој овозможува законска промена на полот без потреба од хируршка интервенција. Па така Серџо, разведен 59-годишен маж, сега се вика Серџија, пишуваат медиумите.

Според аргентинскиот закон, жените можат да се пензионираат со наполнети 60 години, додека мажите со 65.

„Ова е јасен случај на злоупотреба на пензиските политики и законот за полов идентитет“, коментира Мариас Асенато – шеф на граѓанскиот регистар во провинцијата Салта.

- Реклама -