Луис Хамилтон имаше најбрзо време на утринските квалификации на премиерата во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австралија.
Возачот на Мерцедес на „Алберт Парк“ извозе круг од 1:21,164 минути за да дојде до пол-позицијата, додека зад него ќе бидат двајцата возачи на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
На четвртото и петото место е двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а помеѓу најдобрите 10 се уште и Кевин Магнусен и Роман Грожан од Хас, Нико Хулкенберг и Карлос Сајнц Џуниор од Рено, додека 10-тата стартна позиција утре ќе ја има Валтери Ботас.
Возачот на Мерцедес имаше тешко излетување во третио калификациски циклус уште на вториот свиок на патеката и удри го заштитниот ѕид. За среќа Финецот мина без повреди.