Колективно да си поплачеме за уништеното Ферари на милионеров (видео)

Ова на сликата е еден од последните мигови на омиленото Ферари од 281.000 долари на еден ситен милионер, а кое било запленето од полицијата.

Полицијата го запрела и му го конфискувала Ferrari 458 Spider-от на Захид Кан лани во април, зашто возилото немало валидно осигурување, а полицијата се посомневала дека е украдено.

Кан тврди дека сосема законски си го купил автомобилот на автопазар, преку посредник. Вели дека во него вложил „многу време и пари“.

Од полицијата на Вест Мидландс додаваат дека Ferrari-то било запленето и зашто се смета за автомобил од категорија Б, што официјално значи дека не е погодно за на патот, а тоа пак, повлекува дека колата треба да биде уништена.

Кан вели дека печалел и штедел како луд за да може да си го дозволи автомобилот, и дека за него и неговото семејство има и сентиментална вредност; веројатно го купил кога конечно заработил милион.

Неговата голгота за „ослободување“ на Spider-от почнала уште од тој кобен април, но сé што во меѓувреме успеал да направи е да се докачи до видеово од неговото уништување.

Бил Кан во право или не, ова е тажно за гледање. Повелете со нас заедно да си поплачеме…

 

- Реклама -