Honda објави дека во 2015 година, во Европа ќе биде лансирана целосно нова генерација на суперспортската верзија Civic Type R.
Паралелно со ова, компанијата ќе им понуди на корисниците целосно нов компактен теренец, кој ќе биде развиен врз основа на следната генерација на моделот Jazz, нов модел со горивни ќелии и три нови хибридни системи.
Новите производни предлози на Honda се дел од стратегијата на компанијата за глобален развој, со цел постигнување на годишна планирана продажба од 39 милиони единици до 2017 година.
Новиот Civic Type R ќе биде специјално дизајниран за европските потрошувачи и според Honda ќе постави нови димензии во овој сегмент. Од компанијата си поставиле за цел тој да биде најбрзиот автомобил со преден погон кој некогаш се тестирал на патеката во Нирбургринг.
Објавено во соработка со Авто Плус.