Во просториите на УЕФА во Нион денеска беше извлечена жрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Најинтересно се очекува да биде помеѓу шпанскиот и италијанскиот гигант, Реал Мадрид и Јувентус. Исто така, ќе имаме и англиска пресметка Ливерпул – Манчестер Сити.
Барселона се очекува да има нешто полесна задача против Рома, додека Баерн Минхен се очекува да обезбеди полуфинале по средбата со Севиља. Првите четвртфинални натпревари се на 3 и 4 април, а реваншите седум дена потоа.