Ај да видиме колку го познавате Скопје?

Ви даваме слика, вие треба да познаете која населба е …

Над секоја слика има бројка, а најдолу се одговорите според бројките.

 

1

2

3

4

5

6

 

1  – (Кисела Вода) Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода.Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин.

2 – (Илинденска)  Ретка фотографија

3 – (Дом на градежници) На фотографијата може да се забележи дека пред многу години на оваа место имало кружен тек.

4 –  (Маџир маало) По Втората светска војна, во нејзина близина имало дом за воени сираци, а подоцна и дом за децата бегалци од Егејска Македонија. Овде живееле и пејачите Мирвет Беловска и Зафир Хаџиманов.

5 – (Железара)  Оваа скопска населба се наоѓа во западниот дел на Општина Гази Баба. Името го има добиено според железарата која се наоѓа во непосредна близина.

6 – (Пазарчето ‘‘Буњаковец‘‘) Оваа фотографија е пред земјотресот каде се гледа Градежно-Архитектонскиот факултет и ОУ ‘‘Коле Неделковски‘‘, бараката пред школото била на ‘‘Народна Техника‘‘ и тука се продавале материјали по ОТО.

- Реклама -