Франција си ги брани програмерите: Ќе ги тужи Google и Apple за злоупотреба

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер најави тужба против Google и Apple поради злоупотреби во работната пракса. Ако тужбата успее, за компаниите може да следува казна од повеќе милиони евра.

Ле Мер ги обвини двата технолошки гиганти за искористување на програмерите, бидејќи, според условите од договорите, им наплатуваат провизија на продажбата на нивните апликации преку Apple-овата “iTunes App Store” и Google-овата „Google Play“.

„Неприфатливо е и тоа двете компании да можат да собираат податоци од програмерите и да имаат можност еднострано да ги изменат договорите“, наведува ле Мeр. Од тие причини, ќе поднесе тужба до судот во Париз.

„Google и Apple, колку и да се моќни, не смеат да ги третираат нашите стартапи и нашите програмери на начинот на кој тоа го прават денес“, порача францускиот министер.

- Реклама -