Најголемиот дел од луѓето кои се жалат на запек, дијареја, појачани киселини, и мачнини во желудникот, како дополнителна тегоба ја наведуваат и главоболката, велат норвешките научници. Затоа, тие одлучиле да ја истражат врската меѓу наведените симптоми и болките во главата.
Собрале податоци од 43.732 испитаници, и ги разгледале сите причини во зависност од полот и возраста. Во предвид го земале и податокот дали испитаниците се депресивни и/или анксиозни.
На крајот, истражувачите дошле до заклучок дека појавата на главоболки е најчеста последица на проблеми со органите за варење.
Со други зборови, ако имате упорни главоболки, наместо да се обидувате да ги решите со разни лекарства, можеби е попаметно да гастроентеролог, и прво да ги решите проблемите со дигестивниот систем.