Одличен напиток за повеќе енергија против пролетниот замор

Често прозевање, безволност, брз замор? Не сте сами. Тоа се само дел од симптомите кои ги чувствуваме во периодот на преминување од зима во пролет, а се резултат на таканаречениот пролетен замор.

Овие симптоми, заедно со намалената концентрација и постојаната потреба за спиење, настануваат поради послабата телесна активност во текот на зимата, како и намалениот внес на витамини.

Со цел да го подигнете нивото на енергија, ви предлагаме здрав и вкусен напиток полн со витамини и минерали.

Еден од најдобрите подигнувачи на енергија кој е присутен во свежото овојше и зеленчук е витаминот Ц. Освен што помага при апсорпцијата на железо, се смета за вистински чувар на здравјето. Претпоставувате, во напитоков против „зимскиот сон“ има многу таков.

Потребни состојки:

• 4 големи листови од блитва
• 1 рендан морков со средна големина
• 1 цеден портокал
• 1 лажичка мед
• 2 лажички лимонов сок
• ½ лажичка куркума
• пар коцки свежо цвекло
• малку рендан ѓумбир (ако сакате, не морате)
• 2 децилитри вода
• неколку коцки мраз

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер или соковник, измиксирајте ги и уживајте во енергетската чаша за здравје.

- Реклама -