НАСА сака да го прати вашето име кон Сонцето. Еве како

Ако некогаш сте сонувале да го допрете Сонцето, ама баш и не сте нешто расположени да изгорите, има друг утешен начин. НАСА ќе праќа листа од имиња во вселената на својата соларна сонда Parker, која ќе биде лансирана кон Сонцето во јули годинава.

Сé што треба е да се упатите на сајтот на НАСА и да го додадете вашето име во микрочипот кој сондата Parker ќе го носи на својата мисија кон Сонцето.

Штом ќе се најде во вселената, сондата ќе ја искористи гравитацијата на Венера за да се доближи до Сонцето. Сондата ќе комплетира 7 прелетувања во текот на речиси 7 години, со цел постепено да ја доближи својата орбита до Сонцето.

Колку блиску ќе се најде вашето име до Сонцето?

Порано или подоцна, сондата ќе прелета и преку сончевата атмосфера, како и во орбитата на Меркур. Ќе се доближи на 3.9 милиони милји до површината на Сонцето. За споредба, оддалеченоста на Земјата од Сонцето во просек изнесува 93 милиони милји.

Прочитајте и:  Загриженост поради изгледот на астронаутката заглавена во вселената

Сондата ќе спроведува разни тестови и мерења. Надворешниот дел од атмосферата на сонцето се вика корона, а мисијата ќе се фокусира на потеклото и еволуцијата на соларниот ветер во вселената.

Научниците се надеваат дека собраните податоци ќе им помогнат да предвидат одредени промени во вселената кои би можеле да имаат некаков импакт врз животот на Земјата. Додека ја спроведува својата мисија, сондата Parker ќе се соочи со интензивна топлина и радијација.

Илон Маск си го прати името на Плутон, па еве го сега кај е

Во 2005 година НАСА прати CD (це-де, ви текнува?) на New Horizons на неговата мисија кон џуџестата планета Плутон. Летото во 2015-та, New Horizons го комплетираше прелетувањето на Плутон, собирајќи разни податоци за него и неговите месечини. На CD-то имаше вкупно 434.738 имиња, меѓу кои и Илон Маск и Бил Нај.

- Реклама -