Си се шетам на Партизанска и уште од кај Броз Кафе слушам свират коли. Звукот доаѓа баш од раскрсницата со Рузвелтова. Стигам до Триаголникот, што да видам …
Царевиве од Град Скопје ископале ров длабок 10 сантима. Јасно, се работи.
Менуваат асфалт од таа страна, сигнализација има. Преминувам улица (Рузвелтова), и стасувам на другиот триаголник, кога за малку не гледам сообраќајка во живо.
Вадам телефонот и си викам ќе бидам сведок на сообраќајка 100%. За среќа не бев, само поради фактот дека седев нецели 3 минути. (За разлика од другар ми и татко ми кои во два различни наврати начекуваат сообраќајка во живо на истото место поради истава причина)
Кај е проблемот?
Луѓево што возат по Рузвелтова – во правец од Зоолошка накај Капиштец, налетуваат директно на браздата (што погоре ја спомнавме) на Партизанска, па мораат да закочат за да не си ја искршат колата на пола.
Поради тоа колоната се успорува … е сега …. многу битно и најзезнато.
Тие што чекаат да им се упали зелено и возат во правец од Ѓорче накај Центар, не ни приметуваат дека од лева страна некој си поминува на црвено … а всушност кутриот поминал на зелено …
Браздава си стои речиси недела дена, а секој ден има по неколку сообраќајки.
Еве фотки и видео во продолжение …
Се надеваме дека ќе ви биде појасно