Како да познаете дали кафениот шеќер е „природен“, или само обоен?

Освен што кафениот шеќер е практично ист со белиот шеќер (разликата е занемарлива, затоа и не е точно дека е поздрав), на полиците во маркетите го има поретко отколку што мислите.

За да проверите дали шеќерот „од трска“ кој сте го купиле е навистина „од трска“, ставете го во шолја со превриена вода на собна температура и почекајте 20 минути, без да го мешате.

Ако на дното се направи талог од кристали и не ја промени бојата, се работи за оригинален производ. Ако водата се замати, а шеќерот „од трска“ видно побели, значи дека си имате работа со обичен пребоен рафиниран производ.

 

Прочитајте и:  Овие намирници се особено лоши за кардиоваскуларниот систем
- Реклама -