Тажна глетка на Емирати

Денеска Арсенал славеше на домашен терен против Вотфорд, но за жал триумфот остана во дебела сенка на слабата посетеност на навивачите на клубот. На трибините преовладуваа празните столчиња на кои требаше да седат навивачите на Арсенал кои веќе не веруваат во тренерот на клубот за кој навиваат.

По ваквиот епилог, сепак, Венгер по денешниот меч против Вотфорд изјави дека е среќен поради триумфот, но тажен поради глетката на „Емирати“.

„Разочарани сме поради малата посетеност, тоа е нормално, но искрено не ги разбирам нашите навивачи. Ние мораме да ги подобриме резултатите, но мора да бидеме сите заедно и да ги вратиме на трибините“, истакна францускиот стратег.

 

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити
- Реклама -