Алкални плодови добри за превенција од рак, инфаркт и дебелеење

Секојдневната исхрана вклучува многу брза, обработена и генетски модифицирана храна, што на нашиот организам му создава дополнителен напор таа храна да ја обработи.

Таквата храна е нутритивно сиромашна, но притоа соджи многубројни штетни состојки кои создаваат дисбаланс во pH вредноста на нашиот организам.

За човековиот организам идеална е алкалната средина, а за да ја постигнете треба да избегнувате храна која создава кисела средина и значително го ослабува нашиот имун систем. Наместо неа, препорачливи се алкалните плодови.

Ова се најдобрите алкални состојки кои можете да ги консумирате за да постигнете баланс:

1. Маслиново масло, диња, ленено семе, блитва, морков

Маслиновото масло е богато со витамин Е и монозаситени масни киселини.

Дињата е одлична алкална состојка со Ph вредност 8,5. Содржи 92% вода и е богата со влакна, па одлично го чисти дебелото црево.

Лененото семе е богато со влакна и витамин Е. Исто така ги намалува топлотните бранови при менопауза.

Блитвата ги спречува осштетувањата предизвикани од слободните радикали.

Морковот е богат со бета каротен и го подобрува видот.

2. Манго, кисела зелка, ананас, краставица, грејпфрут, магдонос

Мангото помага при чистењето на дебелото црево.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Киселата зелка е богата со пробиотски бактерии.

Ананасот е одличен за слабеење.

Краставицата содржи 90% вода, па идеално го хидрира телото.

Грејпфрутот е добар извор на повеќе витамини.

Магдоносот го прочистува дигестивниот тракт.

3. Киноа, бобинки, папаја, авокадо, прокељ

Киноата го регулира шеќерот во крвта.

Бобинките се одличен извор на антиоксиданси.

Папајата има лаксативно дејство и го чисти дебелото црево.

Мангото е богато со монозаситени масти кои го одржуваат здравјето на срцето.
Бананите се одлична суперхрана.

Прокељот може да го спречи настанувањето на канцерогени клетки.

4. Луцерка, лук, брокула, морски алги, грозје, спанаќ, лимон

Луцерката ги доведува хормоните во рамнотежа. Содржи бројни ензими и лесно се вари.

Лукот поседува многубројни лековити својства, меѓу кои е и регулацијата на крвниот притисок.

Брокулата сварена на пареа го намалува нивото на холестеролот.

Морските алги се богати со железо и го алкализираат организмот.

Грозјето е богато со антиоксиданси и витамини, а го намалува и крвниот притисок.

Спанаќот е зеленчук најбогат со витамини и минерали.

Лимонот е богат со витамин Ц, и одличен сојузник во борбата против грип и кашлицата.

ЦРНОБЕЛО.МК

- Реклама -