Жал ни е што ќе ве разочараме, меѓутоа не постои нешто што магично може да направи мамурлакот да исчезне. Треба да пиете многу течности, да одмарате или да голтнете некоја таблета за ужасната главоболка. Меѓутоа постојат неколку работи кои ако ги внесете во стомакот денот после забавата нема да се чувствувате толку лошо.
Сепак, еве неколку идеи за појадок кои ќе ви помогнат да ги преживеете тие денови:
1. Јајца
Ако успеете да направите само обични пржени јајца, во ред. Ако можете, додадете крем сирење, малку кашкавал или пак павлака. Овие додатоци ќе го направат појадокот побогат без многу труд.
Ако имате повеќе енергија, направете омлет. Наполнете го омлетот со спањак, домати и фета сирење. Богат појадок кој изобилува со протеини и енергија и ќе ви помогне да застанете на нозе.
2. Сендвич
Кога се чувствувате како „прегазени“ од многу алкохол, нема нешто повкусно од сендвич. Во багет-лепче ставете авокадо, сланина и кашкавал, а може да додадете и јајце.
Ако имате енергија да излезете од дома, одете да јадете некој богат сендвич со крцкаво пилешко и лут сос. Тоа дефинитвно ќе ви ја зголеми енергијата.
3. Такоси и бурито
Ако имате неколку тортилја-пити во домот, размислете да си направите една порција на такоси или бурито за да ја излечите депресијата од мамурлакот.
Најдете некои рецепти на интернет. Можете да ги направите со нешто едноставно со пченка, авокадо и сирење. А ако имате енергија, направете нешто со говедско, компири и тиквички.
4. Француски тост
Ако сакате нешто послатко да ве дигне на нозе, фрлете се на Нутела. Направете француски тост полн со Нутела и полијте го со сос од карамела или сируп од мед.
Исто така можете да направите и вафли ако ги имате потребните услови. Растопете Нутела врз нив, ставете преливи по желба и уживајте додека гледате како мамурлакот исчезнува.
5. Смути
Ако сакате нешто поздраво, а и немате доволно време, тогаш морате да бидете побрзи. Пригответе едно смути.
Ние ви предлагаме да направите комбинација од кокосово масло, јогурт, овошје, зеленчук и чиа семе. Една витаминска бомба како оваа за брзо време ќе направи да заборавите дека воопшто сте пиеле алкохол претходната ноќ.
365 СОВЕТ ЗА ПОЈАДОК – МОНТЕ КРИСТО ЛЕПЧИЊА