Направете вкусна гибаница без јајца, млеко и сирење на следниов начин

Гибаницата е јадење кое традиционално се прави кај нас. Вкусот на нашите мајки и баби од сега во ново руво. Направете вкусна гибаница со кисела зелка.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ако е солена зелката се става во топла вода.

Се цеди, па се ренда. Се динста на масло, се додава малку вода, се додека не омекне, па се ставаат сол и бибер.

Се премачкува плех, се загрева рерната на 200 степени.

Се става првата кора на дното, се прска масло, па се става од зелката. Така се додека има кори и фил.

Завршете со кора, ставете горе кисела вода и масло и печете 25 минути на 200 степени.

Ви треба околу еден час.

Извор

- Реклама -