Пренаменета фабрика за хемиско оружје (видео)

ОкуношимаДенес, островот Окуношима во јапонската префектура Хирошима е полн со места за кампување, патеки за пешачење. Но, островот има мрачна историја. По првата Сино-Јапонска војна на крајот од деветнаесетиот век островот бил претворен во воена база.

Како потписник на Женевскиот Протокол од 1925 година, Јапонија се обврзала дека нема да произведува хемиско оружје. Па за да се зачува тајноста на фабриката која била изградена на Окуношима во 1929 година, островот дури и бил избришан од официјалните карти. Локацијата на оваа фабрика била избрана бидејќи изолацијата ја олеснувала безбедноста, а оддалеченоста од Токио и другите големи градови нудела безбеднсот во случај на хаварија. На локалното население и работниците не им било кажано што произведуваат.
ОкуношимаДенес на осторвот има и Музеј на Отровен Гас, кој бил отворен во 1988 година со цел да се образоваат посетителите за улогата на островот во војната. Музејот бил направен бидејќи поради големата тајност наметната од јапонската влада во минатото, голем број на луѓе од целиот свет, па дури и од Јапонија не знаат колку активна улога имала фабриката во производството на отровни гасови. Целта на музејот е „да се информираат што е можно повеќе луѓе за ужасната вистина за отровните гасови.
ОкуношимаНо, со крајот на Втората Светска Војна била затворена и фабриката. Oстровот е ненаселен, но на него се сместени конгресен хотел и голф терен со шест дупки. Посетителите можат да пливаат во чистата вода или да си поиграат со зајците. Зајците, кои биле ослободени од лабараториите во фабриката пред нејзиното затварање, шетаат слободно по островот. Законот забранува нивно ловење, како и носење на предатори како мачки и кучиња на островот.

{youtube}_q_sQOsQC6g{/youtube}

- Реклама -