Интернет си има нова омилена фацка – руска политичарка со фризура што не се гледа секој ден, особено не во политиката.
Се работи за Валентина Петренко, 62-годишна сенаторка која ја претставува Република Какасија. Зошто е толку популарна на интернет? Па, видете ја само таа коса… Доволно е да ви го разубави понеделникот.
Реакциите варираат, од шеги, до искрен восхит за тоа колку не Петренко не ѝ е гајле. А не ѝ е, и веќе одамна одбива да зборува за косата.
Во интервју за Newsweek вели:
„Толку сум изморена од одговарање на сите овие прашања… Едноставно имам виткана коса. Ја кревам нагоре со пар шноли, и тоа е тоа.“