За уште повеќе да боли …

Пред малку објавивме статија за ненадејната смрт на младиот Давиде Астори, капитенот на Фиорентина. Тој беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине. Починал во сон. Според првите информации причина за смртта на Астори е срцев удар во текот на ноќта.

Голема трагедија, не само во Италија, туку и во цела Европа. Сите натпревари во Сериа А се одложени.

А за болката да биде уште поголема … Астори пред две недели беше најсреќниот овек на светот – стана татко

Овој фудбалер кариерата ја започна во Милан, најдолго играше за Каљари, дури шест години, одигра една сезона, а од 2015 година го носи дресот на Фиорентина.

Запиша настапи и за репрезентацијата на Италија каде шво 2014 година со својот гол на оваа земја и го донесе третото место на Купот на конфедерации.

- Реклама -