Кинеска вазна, која била откриена при рутинско чистење на куќа во Пинер, северозападен Лондон, била продадена за рекордни 43 милиони фунти. Ова ремек дело од осумнаесетиот век, опишано како „парче со неверојатна убавина“, сега е сопственост на анонимен, приватен колекционер од Кина.
Аукциската куќа Bainbridges Auctioneers од северозападен Лондон, очекувале вазната од Кианлонг династијата да биде продадена за цена помеѓу 800.000 и 1,2 милиони фунти. Но, аукцијата привлекла голем број кинески купувачи кои сакале да го присвојат овој остаток од нивното царско минато, па понудите пораснале. Неверојатната цена ги надминала очекувањата на аукционерите и на сопствениците – брат и сестра кои ја добиле вазната како наследство.
Хелен Портер, од Bainbridges, изјавила: „Тие не знаеја што имаат. Се надеваа но не сакаа да веруваат сè до крајот на аукцијата. На крајот сестрата мораше да ја напушти просторијата и да излезе на свеж воздух.“ Цената на ремек делото високо 40,64 сентиметри најверојатно е рекорд. Аукциската куќа го опишува како едно од најважните кинески артефакти продадени овој век. На блогот на аукциската куќа пишува „Како ова дело се нашло во северозападен Лондон е нешто што најверојатно никогаш нема да го дознаеме, а самиот факт што е во толку добра состојба е неверојатно.“
Вазната е украсена со рибен мотиф со жолт врат, и има два ѕидови, внатрешниот ѕид се гледа низ отворите на надворешниот. Кианлонг бил четвртиот император од Кинг династијата кој владеел од 1735 до 1796 година. Во таа ера, керамичката индустрија во Кина била позната по совршениот порцелан и развојот на декоративни техники.