Во Македонија времето преку денот ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Во утринските часови и во ноќта кон недела, претежно на запад и краен исток ќе има врнежи од дожд.
На планините над 1800 мнв ќе има повремен снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до пет степени, а дневната од три до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и значително потопло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската темепратура до еден степен, а дневната ќе достигне до 11 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка. Потоа во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.