Дневник.хр пред извесно време доаѓа до двете писма кои Праљак ги пишува до својата фамилија и до својата сопруга, посебно. Како што вели и хрватски Дневник, писмата се штури, јасни, конкретни и тотално непатетични.
Писмата се напишани на 27 Ноември, два дена пред да се самоубије Праљак, а напишани се со цел доколку тој е прогласен за виновен, веднаш да го испие отровот и со тоа да го изрази својот револт.
Од Трибуналот должат и објаснување за тоа како Праљак успеал да прошверцува отров во главната судница.
Еве што пишува внатре:
ДО ФАМИИЈАТА
„Фамилијо!
Одлуката за прекинување на живеењето, во случај да бидам прогласен за виновен, ја донесов одамна – смирено, промислено, самосвесно.
Ваш,
Слободан Праљак.“
ДО СОПРУГАТА
„Каќо!
Мислам дека писмото ‘Фамилија’ ќе мора да го обелодениш за да спречиш бескрајни нагаѓања, лаги, јадна психологија итд.
Твој
Праљак.“