Рецепт за макарони со сирење од 1784 година

Земете околу 115 грама (4 унци) тенки макарони и добро извријте ги додека да омекнат. Потоа ставете ги во цедалка добро да се исушат, а потоа вратете ги во тавче за пржење.

Заедно со нив ставате и филџан кајмак (крем), а потоа и топка путер (колку да ви ја собере во тупаница) ролана во брашно. Ги враќате на оган на околу 5 минути и повремено ги промешувате.

Потоа ги ставате во чинија и ги посипувате со пармезан. Многу пармезан, кој според рецептот треба да биде целосно растопен додека почне да потемнува (во видеото тоа го прави со грејно тело што се вика саламандер).

Тоа е тоа. Ви останува само да уживате во проклето добрите макарони.

PS. Подготовката во видеото почнува од 2:09, претходно е вовед и занимливости.

- Реклама -