Тајните служби откриваат: Ким Џонг Ун и татко му користеле лажни бразилски пасоши

Пет западноевропски разузнавачки служби тврдат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговиот покоен татко Ким Џонг Ил користеле лажни пасоши кога аплицирале за виза во западните земји во ’90-тите години од минатиот век.

„Тие користеле бразилски пасоши, на кои јасно се гледаат фотографиите на Ким Џонг Ун и Ким Џонг Ил, за да добијат визи од странските амбасади. Тоа покажува желба за патување и укажува дека владејачкото семејство се обидувало да изгради посебна рута за бегство“, вели за Ројтерс претставник на една од разузнавачките служби.

Уште четири други западноевропски разузнавачки служби го потврдија постоењето на пасошите. Под сликите на нив пишува Џозеф Пуаг и Инџонг Чои. Пасошите се издадени во бразилската амбасада во Прага во февруари 1996 година.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

Како што се наведува, визите веројатно им требале за патување во Бразил, Јапонија или Хонгконг.

Севернокорејската амбасада во Бразил одбива да коментира, додека бразилското МНР соопштува дека го истражува случајот.

- Реклама -