Вештачката интелигенција го направи тоа што сите го сметавме невозможно, барем не вака рано. Победи адвокати во нивната игра – барање на правни грешки во договори.
На платформата LawGeex, како што е наречена вештачката интелигенција истренирана да анализира правни документи и договори, истражувачите работат во тандем со научници од универзитетите Стенфорд, Дјук и Универзитетот на Јужна Калифорнија.
„Натпреварувачите“ имале 4 часа да прегледаат 5 правни договори, и во нив да откријат 30 проблеми. Биле оценувани врз основа на прецизноста на одговорот и бројот на пронајдените грешки.
Е па, лоши вести за правниците: Луѓето оствариле просек од 85%, додека вештачката интелигенција имала 95% точни одговори. Згора на тоа, на луѓето им требало трипати повеќе време да ја завршат работата, отколку на вештачката интелигенција.
Сепак, Ерика Буел – професорка од Дјук, смирува. Таа смета дека технологијата никогаш нема целосно да ги замени луѓето, а дека LawGeex само ќе им ја олесни работата на адвокатите и ќе им овозможи повеќе време да се фокусираат на советување на клиенти и други комплексни задачи.