Passport Index одредува кои земји се на врвот на скалата во однос на тоа колку патувачка слобода уживаат нивните граѓани.
Традиционално, европските држави речиси отсекогаш имале статус на најмоќни пасоши на светот, а Германија долго време доминираше на првото место. Но неодамнешните дипломатски одлуки ширум светот го променија односот на силите на пасошите.
Германија е поместена од првото место – од Јужна Кореја. Сега јужнокорејскиот пасош е најмоќен, додека зад него е тој на Сингапур. Нивните граѓани можат да посетат дури 162 земји без да имаат потреба од виза.
Предност им донесе Узбекистан, кој на двете земји им одобри безвизен режим. Освен Узбекистан, предност им донесе и Сомалија.
Зад нив се Германија и Јапонија, чии граѓани можат да посетат 161 земја.
Од другата страна на индексот, таму на дното, се земјите со најслаби пасоши. На самото дно е Авганистан, чии граѓани можат да посетат само 26 земји без виза. Следуваат Ирак (29), Пакистан (30), Сирија (33) и Сомалија (34).
Македонија е на 38-то место, со безвизна слобода за патување во 112 земји.
Линк: ТУКА.