Ја убија „кравата херој“

Минатата недела ви пишувавме за една крава од Полска што за влакно избегна кланица. Филмското бегство ѝ донесе многу симпатизери, а поради нејзиното инсистирање на слобода и неможноста да ја фатат – ја нарекоа „крава херој“. На крајот, еден полски политичар се понуди да ѝ овозможи мирен живот и природна смрт.

Но, не сите херојски приказни завршуваат со хепиенд. Само неколку дена подоцна, ветеринар и уште четворица спасувачи отпловиле до островот на средина на езерото каде што побегнала кравата, со намера да ја релоцираат и спасат, откако ќе ја успијат.

Така и ја убиле. Ја бркале низ зеленилото неколку часа. Морале да ѝ дадат три инекции седатив пред да се смири. Ја однеле до брегот и ја качиле во камион, ама тоа ѝ било и последното што го доживеала.

Прочитајте и:  Наградуваната книга „Слобода“ од Леа Ипи објавена и на македонски јазик

Спасувачите велат дека веројатно починала заради стресот од нејзиното заробување, пренесува AP. Ветеринарот вели дека имала срцев удар. Кравата помина околу четири недели на островот, и иако фармерот ѝ носеше храна, кравата останала слаба и исцрпена.

Тоа е, слободата си има цена. Сепак, нејзината тажна смрт сепак претставува победа. Особено споредена со таа на другите крави, кои обично завршуваат под нож.

Што се однесува до кравата што избега со бизони, колку што знаеме, сé уште е на слобода.

 

- Реклама -