Зошто Филипините смачкаа 30 чичка нови автомобили со булдожер?

Во некои земји со нелегалниот внес на автомобили се борат со жестоки мерки.

Срцепарателната сцена од насловот е масло на филипинската влада. Вкупно 30 автомобили запленети од полицијата беа испратени „на смртна казна“. Ги „запегла“ специјално донесен булдожер.

Интересно е што возилата воопшто не се евтини. Под гасениците на булдожерот се најдоа и неколку „чичка“ нови Toyota Land Cruiser 200-и, како и прекрасен Chevrolet Corvette. Вкупната вредност на уништените автомобили се проценува на околу 1.2 милиони долари.

Тогаш, зошто?

Првично, конфискуваните автомобили биле продавани на државни аукции, како што е обичај. Но по направените анализи, се покажува дека овие возила главно завршуваат кај истите сопственици – криминалците кои нелегално ги набавиле и ги внеле во државата.

Како одговор, претседателот Родриго Дутерте реши да прејде на поригорозни мерки. Како што најави тој, булдожерот ќе има уште многу работа – „автомобили ќе се газат секој ден“.

 

- Реклама -