Оваа диета од 7 дена ќе ви помогне лесно и ефективно да се ослободите од вишокот килограми со помош на една состојка – цвеклото.
Планот за исхрана изгледа вака:
Прв ден
Појадок – порција варен ориз и салата од рендано цвекло
Ручек – парче лосос и неколку парчиња варено цвекло
Вечера – салата од варено цвекло, морков, компир, кромид и кисели краставички по желба, со малку лимон.
Втор ден
Појадок – омлет со рендано цвекло и морков
Ручек – варено пилешко бело месо со пасирано цвекло
Вечера – зеленчукова салата во која задолжително има цвекло
Трет ден
Појадок – младо сирење и салата од рендано цвекло и јаболко
Ручек – супа од зеленчук и салата од цвекло
Вечера – риба со малку масти и зеленчук на пареа
Четврти ден
Појадок – варена хељда и салата од цвекло
Ручек – супа од свежо цвекло и салата од зеленчук по избор
Вечера – салата од цвекло, суви сливи и јаткасти плодови
Петти ден
Појадок – освесни снегулки со јогурт и неколку парчиња варено цвекло
Ручек – варено пилешко на пареа, малку ориз и салата од цвекло
Вечера – смути од цвекло со кефир
Шести ден
Појадок – салата од домати и цвекло, со младо безмасно сирење
Ручек – печена риба и салата од рендана зелка и цвекло
Вечера – печен зеленчук во тава и свежо цеден џус од цвекло
Седми ден
Појадок – житарки и салата од цвекло
Ручек – супа од зеленчук и цвекло варено на пареа
Вечера – лесна салата од рендано цвекло и морков
Откако ќе поминат овие 7 дена (доколку може да издржите) преминете на 3 дена исклучиво на салати од цвекло.
Во овие 3 дена треба да внесувате 400-500g цвекло, 300-400g моркови и 300g јаболка.
Сите состојки треба да ги изрендате, да ги зачините со неколку лажици безмасен јогурт и лимон. Салатата треба да е секогаш свежо подготвена.
Важно:
Цвеклото може да биде печено, варено или динстано на пареа.
Не заборавајте да пиете по 6-7 чаши вода на ден.
Откако ќе завршите со диетата внимавајте да не се вратите на масната исхрана, бидејќи телото тешко ќе ја поднесе таа драстична промена.