Дали некогаш сте размислувале за тоа какви се оние кои се најбогати луѓе на свет?
Дали како што одамна рекол Ернест Хемингвеј, како нас само со повеќе пари, или се налик на психопати кои своите нагони ршиле да ги искористат за заработување на пари, а не за серико убивање.
Одговор на сите овие прашања пробал да ги открие новинарот на ББС Жак Перти, кој за потребите на шоуто “Супербогати” со најбогатите луѓе на свет поминал шест месеци.
Тој со нив патувал ширум светот, а меѓу останатите, го прател Том Хантер, чие богатство се проценува на 2,13 милијарди долари, најбогатиот кинез Ванг Лианли кој тежи 12,4 милијарди долари, но и Џон Кавдел кој лежи на 2,6 милијарди долари, пишува Индепендент.
Што заклучил?
Богаташите дефинитивно полека стануваат сорта сами за себе. Веруваат дека се господари на свемирот и не покажуваат разбирање за човечки слабости.
Дури ни Бил Гејтс, либерал и филантроп, кој донирал милиони на библиотеки и за вакцини во Африка, неможе да сфати зошто сите не се решителни да успет во животот како тој.
Имено богатите живеат во сопствена биосвера, во балон над Земја, во прва класа на релација Лондон-Њујорк-Дубаи-Шангај. Во нивната биосвера подобра е храната, школите, облеката и поквалитетно се лекуваат.
Дури дишат подобар воздух. Некои милијардери имаат свои подвижни снабдувачи на кислород, кои го упумпуваат со своите домови.
Во главите на милијардерите, не само што мислат дека се побогати од остатокот од светот, туку и дека се најдобри. Но, не се злобни.
Тие се аватари на нееднаквост и она што човечко се наоѓа во нив сакаат да се поврзат со остатокот од светот, меѓутоа, колку и да се трудар, херметички се затворени во својот “балон”.
Иако би сакале да бидат како обичниот свет, се она што прават е пародија на тој обичен живот.
Парите ги направиле да бидат без доверба, одалечени, дехуманизирани и тоа она што е нивна трагедија.
– Сепак, тие како такви, не треба да ги жалиме – заклучува новинарот.