Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски, настапувајќи во дебата на ТВ24 рече дека трагедијата на Кајмакчалан, во која загинаа двајца млади македонски планинари можела да се спречи, ама како сега немало да каже, што го сметаме за недоследно.
Да можеше да се спречи несреќата . Тоа како можело ќе го одговараме понатаму. Да пуштиме сега Јавното обвинителство да си ја заврши својата работа, па после ќе го објавиме одговорот како можело да се спречи
[Извор: ТВ24 – Анализа 24, датум: 21.02.2018]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Дебатата во која учествуваше проф. д-р Јовица Угриновски беше посветена на расветлување на околностите во кои загинаа двајца македонски планинари во тура на искачување на врвот на планината Ниџе, Кајмакчалан од грчка страна, при што, ставот на Угриновски, искажан во неговата последна реченица во емисијата, дека несреќата можела да се спречи, ама тој сега нема да каже – е чиста недоследност.
Недоследноста ја лоцираме во три причини. Првата причина е во тоа што во текот на емисијата Угриновски со најубави зборови се изразуваше за водичот на турата Зоран Костадинов, набројувајќи ги неговото искуство и заеднички искачените врвови:
Конкретно, со конкретниот водич јас сум бил на Мон Блан, на Грос Глокнер, на Мрмолада, на Триглав, на Килиманџаро и на Маунт Кенија. Тој е 40 години планинар. (52 мин од дебатата)
Но, со последната реченица, со искажаниот став дека несреќета можела да се спречи, практично алудираше токму на водичот на турата. Зашто претходно не се дискутираше за евентуална друга причина, освен што Угриновски исклучи една: „Времето не е узрочник“ (причинител н.з.) – вели тој. Не ги нотираше ни обидите на грчките спасувачи. Значи, останува водичот/водичите, од кои едниот е најверојатно жртвата (овој впечаток се стекнува од Извештајот, каде едното лице, Александар, добива наредба од Зоран веднаш да се вратат назад).
КОМПЛЕТНА РЕЛАТИВИЗАЦИЈА
Втората причина е тоа што Угриновски ги релативизираше прописите и правилниците пропишани од самата Федерација, вклучувајќи го и издавањето на лиценците за летни и зимски водичи со степени, кои, за да се добијат, како што рече, потребно е слушање и полагање на предмети и дека сето тоа е сериозно знаење и обука. Но, на прашањето дали некој со летна лиценца може да организира зимска тура, Угриновски одговора: „Ако има искуство –ДА!“
Со тезата дека има искусни планинари кои по триесетина години искачуваат планини и врвови, а немаат лиценца и се подобри од оние со лиценца, недоследно ја посочи (не)потребноста од лиценците и од правилата што ги пропишува Федерацијата, па во крајна линија со тоа и потребата од нејзиното постоење (а, за школите и правилата во ФСПМ има и други сериозни обвинувања во јавноста).
Целата статија прочитајте ја на ВИСТИНОМЕТАР.МК