Непознат напаѓач околу полноќ фрлил бомба на амбасадата на САД во Црна Гора, по што веднаш се разнел со друга експлозивна направа пред дипломатското претставништво, објавија тамошните медиуми.
Од управата на полицијата изјавиле дека се работи за рачна бомба- позната како кашикара.
Пред самоубиството напаѓачот бомбата ја фрлил од раскрсницата што се наоѓа во непосредна близина.
Црногорската Влада утрово ја потврди информацијата. На местото на нападот, како што јавуваат медиумите има големо полициско обезбедување. На зградата на дипломатското претставништо нема видливи оштетувања.
Според досегашните информации, нема други повредени.
Американската амбасада ги предупреди своите државјани да ја избегнуваат оваа област поради „активна безбендосна ситуација“
Стејт департментот во Вашингтон објави дека американската амбасада спроведува интерна проверка на безбедноста на персоналот.
Мотивот за нападот засега не е познат.