Корејската демилитаризирана зона, позната како DMZ, е воспоставена во 1953 година како дел од договорот за примирје кој ја заврши тригодишната брутална војна меѓу Северна и Јужна Кореја. Протегајќи се во должина од 250 километри, колку што е ширината на Корејскиот полуостров, ова парче земја со ширина од над 3 километри од двете страни е ограничено со неколку „слоеви“ бодликави жици и една од најголемите концентрации на војници и артилерија во светот. Бил Клинтон еднаш ја нарече и „најстрашното место на планетата“.
Во 2009-та, за да се означи претстојната 60-годишнина од избивањето на војната, јужнокорејското Министерство за одбрана му дозволи на фоторепортерот Park Jongwoo редок пристап до DMZ. Бидејќи DMZ е начичкана со бројни мини, фотографот постојано бил во придружба на ескадрила од јужнокорејски војници, и следеле само добро воспоставени патролни рути.
Продолжил да ја фотографира Зоната во наредните 8 години, а фото-книгата ја објави во ноември. Освен военото присуство во сите негови форми, вели дека DMZ е всушност изненадувачко мирно место што целосно се вклопува со останатата корејска дивина. Баш како резултат на тоа што демилитаризираната зона е забранета за луѓе и е имун на било каков човечки развој, во меѓувреме станала прибежиште за еден куп жив свет, меѓу кој и неколку видови загрозени птици. Во областа се регистрирани над 6.000 животински и растителни видови, според јужнокорејското Министерство за животна средина, меѓу кои 106 видови се со статус на загрозени или заштитени.
Благодарение на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, кој се наоѓа на само околу 65 километри јужно од DMZ, во последно време се топи мразот во меѓукорејските односи, а преговори почнаа за првпат по 2015-та. Сепак, фоторепортерот Jongwoo е скептичен околу можноста за реобединување, барем не во текот на неговиот живот. Не толку брзо.
Wired