По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, поранешниот министер за образование. Роден е на 20 декември 1969 година во Шемшево –Тетово.
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО
2014-2016
Министер за образование и наука
2011-2014
Министер за животна средина и просторно планирање
2008-2011
Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.
2007-2008
ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово
2006-2007
Член на Бордот на директори во АД „ГА-МА“ – Скопје.
2004-2006
Асистент во Државниот универзитет во Тетово, предмет „Анализа на градежни материјали“.
2002 – 2006
Пратеник во Собранието на Република Македонија
; Комисија за економски прашања – претседател на Комисијата;
Комитет за односи меѓу заедниците – член на Комитетот;
Комисија за финансирање и буџет – член на Комисијата;
Комисија за транспорт, врски и екологија – член на Комисијата.
ОБРАЗОВАНИЕ
Постдипломски студии: Универзитет во Приштина, насока: „Анализа и употреба на материјали“, заеднички проект со Техничкиот универзитет – Фреиберг, Германија. Тема: „Анализа на пепелот на ТЕЦ „Осломеј’“, за употреба на производство на цемент“.
1996
Дипломиран инженер по металургија, Политекнички факултет – Тирана.
Средно: Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, Математика – Информатика.
Основно: „Даме Груев“ – Шемшово.