Германците измислија автомобилска прекривка што штити од кражби

Германски научници развија нов вид систем против кражба врз основа на т.н. „паметни“ ткива. Прекривка која реагира и алармира навремено доколку некој сака да го украде вашиот автомобил.

Системот е создаден од истражувачи од два института во Берлин, а се состои од прекривка испреплетена со нишки низ кои поминува струја. Тие се поврзани со микро-контролор, кој го зема предвид секој обид да се оштети или исече прекривката. Освен тоа, системот го зема предвид времето на обидот за влегување во возилото од страна крадецот.

Дополнителен плус за безбедносниот систем е фактот дека материјалот од кој е произведена прекривката е сосема безбеден како за луѓето, така и за животните, бидејќи пропушта струја со сосема слаб ефект. Покрај тоа, тој е и мошне евтин, бидејќи за него се користат едноставни материјали како посребрени влакна.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

За да ја докажат ефикасноста на системот, научниците спроведоа серија тестови кои се покажаа како мошне успешни. Алармот реагира навремено, а прекривката е отпорна и над 40 степени и во просторија со влажност од 85%. Тоа во никој случај нема да се одрази на квалитетот.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -