Еден од учесниците во следниот циклус на програмата на Европската унија за размена на студенти – Еразмус, ќе биде и 80-годишниот Шпанец Мигел Кастиљо. Очекувано, тој ќе стане најстариот студент што некогаш учествувал во програмата Еразмус.
Мигел е пензиониран нотар од Валенсија, оженет е, има три деца, шест внуци, и четири бајпаса. Во моментов студира историја, а на студентска размена ќе оди во Верона.
Срцев удар доживеал откако се пензионирал, а четирите бајпаса што му биле вградени му служат како потсетник за тоа дека треба да се сака животот. Оттогаш наваму, Мигел секој нов ден го доживува како подарок.
„Набрзо по опоравувањето, си реков дека сакам да направам нешто нетипично за пензионер. Историјата и сé околу неа отсекогаш ме интересирала, посебно современите теми“, вели Кастиљо.
Иако на почеток на својата деветта деценија на планетава, Кастиљо нема предрасуди кон своите ~4 пати помлади колеги и тврди дека себеси се гледа рамноправен со нив (а не попаметен, во стилот „седи синко ја да ти кажам“). За возврат, и колегите со него се однесуваат супер, годините не се проблем, вели Мигел.
За стипендијата Еразмус се пријавил откако го охрабрил еден од неговите универзитетски професори.
Неговото семејство веќе прави планови за да го посети во северна Италија за време на времетраењето на програмата за студентска размена.
На Кастиљо, пак, ова нема да му биде прва средба со Италија. Во своите професорски денови на универзитетот во Барселона (пред да стане нотар), Мигел има поминато вкупно два месеца во Рим и Болоња. Плус, пред 42 години во Верона со сопругата слушале концерт на легендарната оперска дива Марија Калас.
„На луѓето на мои години им препорачувам да не седат дома, туку да се отворат кон светот… бидејќи ние (старите) на општеството сé уште можеме да му дадеме многу, но и многу од него да добиеме“, порачува Кастиљо. Или што би рекол Џорџ Карлин: Бидете „old fuck“, a не „old fart“.
Ако разбирате шпански (бар по нешто сигурно знаете од шпански серии), бујрум видео.