17-годишниот тинејџер Ред Џерард (звучи како фан на Ливерпул, нели?) им го донесе првиот златен медал на САД на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако победи во дисциплината slopestyle во сноуборд.
Ова е втора последователна Олимпијада на која САД освојуваат златен медал на трката во сноуборд, но Џерард е првиот освојувач што е роден во 2000-тите, на возраст од 17 години и 227 дена (роден е на 29 јуни 2000-та). Згора на тоа, Џерард го лапна медалот во скроз тинејџерски стил.
На денот на трката, за кој веројатно се подготвувал скоро целиот свој краток живот, веројатно ќе задоцнел ако не бил неговиот цимер Кајл Мек да го разбуди. Џерард се успал откако претходната вечер до доцна во ноќта гледал серии на Netflix на телефон.
Како што обично бива кога ќе се успиеш, Џерард не можел да си ја најде јакната. На крајот ја позајмил јакната на Кајл Мек.
На крајот, успева да стигне на време за трката. Стартуваше последен, а токму тој спуст го носи до медалот. Веројатно голем удел во победата имала и поддршката од поширокото семејство (вкупно 18 членови ја следеле трката директно од Пјонгчанг), особено што се семејство што млатело пиво уште од 8 сабајле…