Не излегувајте на сонце ако немате пари

11111111 После неколку милијарди години, сонцето најпосле има сопственик. Жена од шпанскиот регион Галиција во петокот изјавила дека ја регистрирала ѕвездата како нејзина сопственост кај локален нотар. Четириесет и девет годишната Ангелес Дуран вели дека на ова се решила откако чула за човекот кој ги прогласил месечината и повеќето планети како негови.

„Постои меѓународен договор кој вели дека ниту една земја не може да тврди дека е сопственик на планета или ѕвезда, но во договорот не пишува ништо за поединци. Нема никако проблем, го подржав моето барање, не сум глупава, го знам законот. Ова што го направив можел да го направи секој, но едноставно јас се сетив прва“ додала таа. 

 Документот кој е потврден од нотар вели дека Дуран е „сопственик на Сонцето, ѕвезда од спектрален тип G2, која се наоѓа во центарот на сончевиот систем, на просечна оддалеченост од Земјата од 149600000 километри.“ Дуран, која живее во градот Салватера до Мино, изјавила дека сега планира да почне да им наплаќа на сите за користењето на Сонцето, и дека планира половина од приходот да го донира на шпанската влада и 20 проценти на националниот пензиски фонд. Од останатите средства, 10 проценти планира да ги донира за истражување, 10 проценти за да му стави крај на гладот во светот, а останатите 10 проценти ќе ги чува за себе.

Прочитајте и:  Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона (ФОТО/ВИДЕО)

Дуран своето интервју го завршила со прашањето: „Време е да почнеме да ги правиме нештата правилно, ако има идеја за генерирање приход и подобрување на економијата и добросостојбата на луѓето, тогаш зошто да не ја правиме?“ [Spanish woman claims she owns the sun – and now plans to start charging ALL users]

- Реклама -