Која е најстарата граница во светот?

Едно интересно истражување направено од Reddit корисникот PisseGuri82 вроди со прилично детална мапа на староста на денешните светски граници. Како резултат, нé потсети дека се доста понови отколку што ги мислиме.

На пример, PisseGuri82 открива дека над половина – поточно 52.5% од денешните граници се исцртани во минатиот век, а не порано. Уште 37.1% се исцртани во 19-от век.

Гледано по континенти, Европа е делот од светот со најранливи граници.

И во двете Америки – Јужна и Северна, границите се повлекувани во текот на 19-от и 20-от век. Исклучок е границата меѓу американската сојузна држава Њујорк и канадската територија Квебек, која е дефинирана во периодот од 1763 до 1783 година. На уште неколку места во Јужна Америка границите се нацртани пред крајот на 18-от век, главно во подрачјата кои ги раздвојувале шпанските од португалските колонии.

Слично е и во Африка. Единствената граница постара од 200 години е таа која го дели Иран од Турција и Ирак. Востановена е во 1639 година. Сите останати се утврдени главно во 20-от век.

Кина и (Северна) Кореја веќе 6 века спорат околу долината која лежи меѓу реката Јалу и Тумен. Границата е дефинирана во 15-от век, но спорното подрачје никогаш не беше решено. Сепак, токму таа граница е најстара во Азија. Повеќето останати се дефинирани во 19-от и 20-от век.

Процентот на граници и во кој период се оформени:

  • 1200-1499: 2,405km (0.9%)
  • 1500-1699: 5,463km (2.1%)
  • 1700-1724: 4,264km (1.6%)
  • 1725-1749: 0km (0%)
  • 1750-1774: 8,491km (3.3%)
  • 1775-1799: 4,350km (1.7%)
  • 1800-1824: 9,025km (3.5%)
  • 1825-1849: 9,309km (3.6%)
  • 1850-1874: 16,416km (6.4%)
  • 1875-1899: 60,046km (23.6%)
  • 1900-1924: 83,897km (32.9%)
  • 1925-1949: 34,752km (13.6%)
  • 1950-1974: 13,130km (5.1%)
  • 1975-1999: 1,674km (0.6%)
  • 2000-today: 1,189km (0.4%)
  • Undefined: 2,202km (0.8%)

Мапата во голема резолуција можете да ја погледнете ТУКА. Најстарите граници, како што ќе видите во легендата, се означени со зелена боја, а најновите со сина и виолетова.

Најстарата граница на светот

Интересно е што меѓу најстарите граници е шпанската со Андора и со Португалија. Дефинирани се во 1278 односно 1297 година, соодветно.

Границата со Франција Шпанија ја утврдила дури речиси 400 години подоцна.

Феудалниот договор на Андора, Шпанија и Франција од 8 септември 1278 година, се смета за најстариот потпишан документ кој се однесува на границите во светот. Граничната линија е долга 120 километри.

Во меѓувреме, во светот постојат 2.202 километри нерешени гранични линии, т.е. 0.8% од сите граници во светот.

* * *

Се разбира, кога се работи за ваква мапа секогаш ќе има проблеми. Не само затоа што во случајов е направена од странец на интернет, туку затоа што ова е сложена тема и има мал милион фактори и начини на класифицирање кои можат да влијаат на исходот. Згора на сé, не секогаш ве чека документ со прецизно пишано „границата постои од тогаш и тогаш“. Некогаш најдоброто што ќе го добиете е „од римски времиња“, а некогаш ни тоа.

Подетално за недостатоците PisseGuri82 пишува и во самиот свој пост. Сепак, неговиот (или можеби нејзиниот) заклучок е следен: одбран е несовршен метод зашто не постои совршен метод. Сепак, смета дека мапата е релевантна и интересна.

 

- Реклама -