Google предвидува иднина во која нема да ни бидат потребни лозинки

Денес, во пост на неговиот личен блог, Тим Бреј, девелопер од Google, пишал за проект на кој работ во моментов. Неговиот проект би можел радикално да го промени нашето интернет искуство кон подобро.

„Логирањете е здодевно и многу нè забавува. Мојата работа деновиве е да ја намалам таа болка, идеално на нула со елиминирање на потребата за логирање. Google навистина сака ова да стане реалност.“ Со различните лозинки и кориснички имиња кои мораме да ги памтиме за интернет банкарство, социјални мрежи, Amazon, eBay, онлајн продавачи и што уште не на моменти можеме да имаме проблеми.

Да, сега е малку полесно бидејќи многу сајтови и прелистувачи даваат опција за меморирање на, но сепак сè уште може да биде проблем. А како точно би изгледал интернет без логирање? Колку е буквален планот на Google? Засега се работи само за шпекулации. Но ако постот на Бреј е индикација за она што Google го гледа во иднината тогаш дефинитивно можеме да очекуваме позитивна промена. [Google developer hints that site log-ins could soon be a thing of the past]

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android
- Реклама -