Смешните тајни хобија на 5 брутални лидери

ДизниНа секого му треба хоби. Многу луѓе преку своето хоби се ослободуваат од стресот, и постојат многу изненадувачки начини да се постигне ова. Механичар може да се опушта со плетење, танчер може да сака бокс. Но како да се опушти човек после долг ден исполнет со геноцид и угнетување? Еве неколку примери:

На секого му треба хоби. Многу луѓе преку своето хоби се ослободуваат од стресот, и постојат многу изненадувачки начини да се постигне ова. Механичар може да се опушта со плетење, танчер може да сака бокс. Но како да се опушти човек после долг ден исполнет со геноцид и угнетување? Еве неколку примери:

Хитлер бил фан на Дизни и ги цртал ликовите
брутални лидери

Секој знае дека Хитлер бил неуспешен уметник, и неколку негови слики се имаат појавено со текот на времето. Но, неколку скици откриени во 2008 година посочуваат кон тоа дека Хитлер бил обожавател на Дизни. Скиците, на две од седумте џуџиња и Пинокио не се изолиран инцидент. Во својата колекција на филмови Адолф Хитлер го имал и „Снежана и седумте џуџиња“, филм за кој тој самиот велел дека е еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата.

Јосиф Сталин цртал голи мажи
брутални лидери

Кога не го испраќал сопствениот народ во затворите во Сибир, Сталин сакал да се опушти крај топол оган, со студен пијалок и да црта голи мажи. А ако ова не е доволно чудно, тој своите цртежи ги завршувал со додавање писмена критика за физичкиот изглед на моделите. Руски психолози кои ги анализирале цртежите откако бил идентификуван нивниот автор, според ракописот од критиките, рекле дека не можеле да најдат никакви индиции за хомосексуално искажување, но исто така додале дека е многу лесно да се дојде до таков заклучок.

Осама бин Ладен е одличен одбојкар
брутални лидери

Осама бин Ладен го мрази западното општество. Тој ја мрази декаденцијата на западната цивилизација, нејзината политика, богохулењето и сè што е поврзано со неа… Сè освен одбојката. Овој податок потекнува од неговиот поранешен телохранител Насер Ал-Бахри. Интересен податок е дека и Мохамед Атеф, поранешниот водач на Ал Каеда бил исто така фан на овој спорт. Овие двајца терористи биле толку добри што им било забрането да играат заедно.

Ал Капоне пишувал љубовни песни
{youtube}ACr_xVfIp2I{/youtube}

Најпознатиот криминалец на сите времиња сепак бил човек. Откако поминал неколку години во еден од најозлогласените затвори во САД тој побарал само една работа од управникот, да формира бенд. Свештеник, по посетата на затворот од Капоне, кој се опуштал свирејќи на бенџо, како подарок ја добил песната “Madonna Mia” која гангстерот ја напишал мислејќи на својата сопруга.

Ким Јонг Ил и кошарка
брутални лидери

Ким Јонг Ил прави многу чудни работи. Додека неговиот народ гладува, тој живее во луксуз. Неговата филмсак колекција содржи сè од Џејмс Бонд до Пајо Паторот, секоја година за увоз на коњак од буџетот на земјата се одделуваат по 700000 американски долари, но неговата љубов кон кошарката е она што го става на оваа листа. Негов омилен играч е Мајкл Џордан, и Ким Јонг Ил има видео касета со секој натпевар кој Џордан го играл за Чикаго. За време на посета на Северна Кореја, Меделин Олбрајт му подарила на диктаторот топка потпишана од Џордан, и наместо да ја постави во една од своите палати, тој ја поставил во Музејот на Меѓународно Разбирање кој бил изграден пореди топката.

Она што е најинтересно е што Ким Јонг Ил, кој има стандарден терен за кошарка во секоја од неговите палати, си создал свој систем на бодување. За разлика од нормалната кошарка, во неговата верзија за забивање се добиваат три поени, шут за три кој нема да го допре обрачот ќе ви донесе четири поени, за секое промашено слободно фрлање ви се одзема по еден поен, а ако дадете кош во последните три секунди, добивате осум поени.

- Реклама -