Џенифер Ли Прајор, која двапати беше мажена со легендарниот комичар, навидум ги потврди тврдењата на Квинси Џонс (музички продуцент) дека Ричард Прајор и Марлон Брандо спиеле заедно во 1970-тите.
Сексуалните навики на Брандо, меѓу другото, Џонс ги опиша во интервју за New York Magazine: „Тој беше спремен да е*е сé што можеше. Буквално сé! Поштенско сандаче. Џејмс Болдвин. Ричард Прајор. Марвин Геј…“.
Вдовицата на Ричард Прајор не ги негираше тврдењата, туку за TMZ низ смеа изјави дека Прајор денес би се газел од смеење околу фактот што неговата наводна врска со Брандо стигнала во јавноста.
„Тоа беа ’70-тите! Дрогите тогаш уште беа квалитетни. Ако земевте доволно кокаин, ќе е*евте и радијатор, и дури ќе му пратевте цвеќе следното утро“, рече Џенифер Ли.
Таа додаде и дека Прајор опширно пишувал за своите сексуални врски во неговите дневници, кои според Џенифер ќе бидат објавени во текот на годинава…
Додуша, целава работа може да е една голема заебанција – со Прајор никогаш не се знае. Ќе треба да му ги читаме дневниците за да дознаеме, изгледа. Може баш тоа и е поентата – промоција.
Како и да е… Прајор нé остави во 2005-та, а во текот на животот беше женет 7 пати, со 5 различни жени. Со Џенифер се разведоа по една година брак во 1982, па одново се земаа во 2001 година, по што останаа заедно сé до смртта на Ричард.
The Guardian