Лекот против ќелавост да ти се наоѓал во помфритот на Мекдоналдс

Диметилполисилоксанот е главната состојка која ќе ви ја спаси косата ама и помфритот

Многумина мажи губитокот на косата го доживуваат како многу трауматично искуство. Но, можеби нема повеќе причина за загриженост, бидејќи јапонските научници, наводно, откриле лек за ќелавост и тој се наоѓа во помфритот од Мекдоналдс. Да ти бил цело време пред нас.

Тим истражувачи од Националниот универзитет во Јокохама открија метод на повторно растење на косата кај глувците користејќи диметилополисилоксан, силокон кој се додава во помфритот на Мекдоналдс, со цел маслото да не создава пена. Првите резултати од студијата покажуваат дека овој метод може да биде подеднакво успешен кај човечките клетки.

Според една студија објавена во списанието Биоматеријалс, откритието настанало откако научниците произвеле голема количина микроби од фоликулот на косата (МФД), кои биле за прв пат создадени на овој начин. МФД се демек светиот грал, еликсирот на младоста, Големата награда на Монако кога станува збор за студиите за губење на косата, бидејќи тие се клетки кои го стимулираат развојот на фоликулите.

Научниците, предводени од професорот Јунџи Фукуда (ова име едноставно влева доверба, нели?) нагласиле дека додавањето на диметилполисилоксанот е клучно за напредокот. Се чини дека тоа е главната состојка што ќе ви ја спаси косата, а и помфритот.

Прочитајте и:  „Мрачната тајна“ на познатиот помфрит од Мекдоналдс: Кога ќе слушнете во што се пржи ќе разберете зошто има таков вкус

Со воведувањето на диметилполисилоксанот, одеднаш беа  создадени 5.000 микроби од фоликулот на влакното. Истражувачите потоа ги инјектирале подготвените МФД од МФД чипот (претходно направени) во телото на глувчето. И, неколку дена подоцна, бум! Фукуда и неговите колеги ги забележаа црните влакна на деловите на глувчето каде што беше вграден чипот.

„Овој метод  е многу ветувачки. Се надеваме дека оваа техника ќе ја подобри терапијата на регенерацијата на човечката коса“, изјави професорот Фукуда.

Од Мекдоналдс нема никаков коментар за ова истражување.

Сепак, фактите се факти, и тие велат дека помфритот од Мекдоналдс навистина содржи диметилполисилоксан, клучен елмент од оваа револуционерна техника на естетската медицина. 

Да се разбереме, користењето на диметилполисилоксанот во процесот на повторно растење на косата е малку посложено од неговото просто конзумирање преку помфит и други намирници што го содржат.

Значи, не, твојата коса нема да порасне повторно со тоа што ќе „здрвиш“ голема порција помфрит од Мекдоналдс.

Уствари што знаеш, може ќе ти се посреќи баш тебе, драг читателу.

Вреди да се проба, ако ништо друго, во прашање е вкусен експеримент.  

- Реклама -