Монтажна куќа, за да испарите од градскиот метеж

Монтажните куќи одамна се хит, а нивната мобилност им овозможува на луѓето да живеат на поизолирани места, надвор од градската врева.

Архитектите од “Colectivo Creativo” создаваат VIMOB – куќа, составена од лесно монтажни модули.

Во внатрешноста на домот преовладува дрвото – ѕидовите и таванот се обработени со дрвени табли, а подот е со ламинат. Природните нијанси на фасадата пак се во апсолутна хармонија со природата наоколу.

Пространата куќа располага со сè што е потребно – трпезарија и кујна, две спални соби и бања, како и со високи прозорци кои што обезбедуваат доволно светлина. Што се однесува до дворот – зависи од местото на кое се вметнува мобилната куќа. Колку е позелен регионот, толку поубав ќе биде просторот пред куќата и погледот од него.

- Реклама -