Пентагон није одавде

Ревизијата во една од најголемите агенции на Пентагон покажа дека Министерството за одбраа на САД буквално не знае каде му се 800 милиони долари. А тоа не е пријатно да се чуе кога се знае фактот дека воениот буџет со кој располага изнесува 700 милијарди долари.

Ревизијата, спроведена од Ernst and Young, а објавена од Politico, откри дека Агенцијата за одбрана и логистика не може да оправда и нема документација за околу 800 милиони долари од градежните проекти. Агенцијата за одбрана и логистика е една од најголемите агенции на Пентагон, со персонал од околу 25.000 луѓе, и е одговорна за стотици илјади барања и нарачки за разните гранки на армијата – дневно.

Еден од релативно тазе реновираните коридори во зградата на Пентагон. Само на нејзиното реновирање, кое траеше 17 години, потрошени се 4.5 милијарди долари.

Фактот што агенцијата нема трага за толку голема сума пари е само уште еден индикатор за тоа со колкави проблеми би се соочила американската влада ако направи ревизија на ниво на цел Пентагон, како и за тоа за колку пари би немало покритие тогаш. „Ако не можеш да ги следиш парите, не можеш да направиш ревизија“, вели републиканскиот сенатор Чак Грасли за Politico.

Ова не е првпат Пентагон да биде неодговорен со финансиите, па е само уште еден аргумент на страната на тие што критикуваат дека воениот буџет на САД е непотребно претеран. Кога Републиканците протуркаа масивно зголемување на буџетот за одбрана, сенаторот Берни Сандерс остро ја критикуваше идејата, аргументирајќи дека повеќе пари треба да се посветат во области како здравството и образованието.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

„Секој пиштол, секоја пушка, секој воен брод, секоја испукана ракета значи, во крајна смисла, кражба од тие што гладуваат и не се нахранети, тие на кои им студи и не се облечени“, рече Сандерс во септември минатата година. „Ова трошење на оружје не е само трошење на пари, туку е трошење и на потта на работниците, генијалноста на научниците, надежта на децата. Трошоците за нашиот модерен бомбардер значат новоизградени модерни училишта во повеќе од 30 градови. Значат две електрични хидроцентрали, од кои секоја ќе опслужува град со 60.000 луѓе. Значи две фини, комплетно опремени болници. Значи едно 80 километри нов автопат“.

САД имаат највисок воен буџет во светот, и тоа убедливо. Вториот најголем „потрошувач“ – Кина, не е ни блиску до нивниот; на војската троши околу 215 милијарди долари годишно.

Ресторанот во Пентагон.
- Реклама -