Живот со руските локални гангстери (галерија)

Американскиот фотограф Брус Гилден имал прилика да помине 16 дена меѓу „обичните“ Руси во еден мал провинциски руски град, на 70 километри од Екатеринбург. Според него, областа е населена од поранешни криминалци, наркозависници и „изгубени луѓе“.

Намерата на Гилден била да го документира секојдневието на локалните гангстери. Најголем дел од времето поминал со 32-годишниот Сергеј, локално викан „Кабан“. Зборуваме за криминалец тазе излезен од затвор. А како го примиле во друштво? Лесно. Им купувал водка и храна.

„Сите тие живеат во темни селски заедници кои се во распаѓање. Основата на нивниот живот – водка и насилство“, вели Брус.

Сергеј, конкретно, сега се опишува како „не 100% криминалец“. Не сака да оди назад во затвор, па затоа се бави со „бизнис“ – им удира рекет на камиони во поминување или мигрантите кои транспортираат дрога.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Ако ништо друго, има жени. Бројот на жени во регионот е речиси дупло поголем од бројот на мажи, па тоа ги прави пожелни дури и најдолните криминалци, раскажува Брус.

Сепак, фотографот вели дека има почит за овие луѓе. Тешко е да се преживее во таква околина, а тоа е доволно за да ја заслужат.

 

- Реклама -